Хамнеи: Збогатениот ураниум блиску до нивото на нуклеарно оружје останува во Иран
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, денес нареди збогатениот ураниум блиску до нивото на нуклеарно оружје да остане во Иран.
Всушност, иранскиот лидер одби да исполни одредба од договорот со кој се стави крај на војната меѓу САД и Иран, која бараше осиромашениот ураниум на Иран да биде префрлен во странство, објави Ројтерс, повикувајќи се на ирански воени претставници.
Иран има залихи од повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој израелските претставници велат дека е доволен за 11 нуклеарни бомби доколку се збогати дополнително.
Порано овој месец, висок израелски воен претставник изјави дека ако ураниумот не се отстрани, војната што започна во февруари може да се смета за „голем неуспех“.
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, претходно изјави дека планот на САД во моментов не е Русија да го преземе збогатениот ураниум на Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…