Хантер Бајден прогласен за виновен, еве за што ќе одговара!
Поротата го прогласи синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден за виновен по сите три обвиненија во федерално судење за оружје, објавија денеска неколку медиум, цитирајќи новинари во судницата, пренесе ДПА.
Хантер Бајден беше обвинет за давање лажни изјави при купување оружје во октомври 2018 година и прикривање на неговата зависност од дрога во тоа време. Тој може да се соочи со затворска казна до 25 години и парична казна до 750.000 долари.
Сепак, не е јасно колку тешка казна ќе изрече одговорниот судија, бидејќи Хантер Бајден нема криминално досие.
Американскиот претседател претходно изјави дека нема да го помилува својот син во случај на осуда, забележа ДПА. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…
Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…
„Антропик“ со 81,3 милијарди долари го собори…
Американската компанија за развој на вештачка интелигенција…
В сабота мирен протест во Охрид против…
В сабота од 12 до 14 часот…
Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…
Хрватска не сака прашањето за разграничување на…