Хаос во Барселона: Лапорта го избркал Чави!?
Три месеци Барселона се убедуваше да го премисли Чави и да го натера да остане на тренерската позиција во тимот, откако во јануари тој на прес-конференција изјави дека си оди на крајот од сезоната.
Откако успеаја во тоа, „каталонците“ се сега пред нов пресврт бидејќи членови на Управниот одбор се свртеа против 44-годишниот стручњак и побараа од Лапорта да го избрка. Причина за тоа се неговите коментари во врска со финансиската состојба во клубот.
„Навивачите на Барселона мораат да сфатат дека ситуацијата е многу комплицирана и тешко е да се натпреваруваме на финансиски план. Сега не е како пред 25 години кога доаѓаше тренер и велеше: го сакам тој, тој и тој играч. Фудбалот не функционира така повеќе. Уште еднаш кажувам дека финансиската ситуација во клубот не е најдобра и сите работиме таа да се подобри“, рече Чави пред натпреварот против Алмерија.
Менаџерите во Барселона сфатиле дека со неговата изјава се лично прозвани дека не си ја вршат својата работа и затоа побарале тренерот да биде избркан, а одредени медиуми во Шпанија тврдат дека Лапорта ја прифатил сугестијата и го известил дека нема да ја води екипата идната сезона. Од клубот уште нема потврда, но прашање е само кого би донела Барса ако се ослободи од Чави имајќи предвид дека изборот не е голем, а конкурентите веќе на големо ги реализираат плановите за идната сезона.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…
Граѓани со часови се жалат за неподносливата…
Пожарот на косовската граница не се смирува,…
Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…
(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…
Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…
Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…
Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…