Хаос во Истанбул, отkaжани сите летови поради обилните снежни врнежи

t

Сите летови на аеродромот „ИГА“ во Истанбул се откажани поради обилните снежни врнежи, соопшти управата.

„Почитувани патници, поради неповолните временски услови сите летови се привремено прекинати поради безбедност“, се вели во соопштението на аеродромот.

Turkish Airlines, исто така, соопшти дека компанијата ќе ги прекине летовите на аеродромот во Истанбул до вторник во 4 часот наутро по локално време.

Многу други делови на Турција имаа потешкотии во сообраќајот во текот на денот поради лошите временски услови.

Турција за време на викендот беше погодена од обилни снежни врнежи, кои ги затворија училиштата во некои делови од земјата. Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека илјадници луѓе се отсечени поради неповолните временски услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Истанбул, отkaжани сите летови поради…

Сите летови на аеродромот „ИГА“ во Истанбул…