Хаос во Поликлиника „Букурешт“: Пациенти со часови чекаат поради пад на интернетот!
Голем број пациенти денеска со часови чекаат во редици во скопската Поликлиника „Букурешт“, откако поради проблем со интернетот престана да функционира електронскиот систем „Мој термин“. Прекинатата дигитална услуга ги забави процедурите, па лекарите и медицинскиот персонал се принудени рачно да ги заведуваат податоците за прегледи, рецепти и упати, што предизвика долги редици и метеж низ ходниците, пишува СДК.МК.
Во установата се наоѓа и Инсулинската аптека, каде изминатите денови поради техничките проблеми не се издаваше инсулин. Денес, по неколку дена прекин, дел од пациентите конечно добија терапија, откако медицински сестри преку лични контакти побараа помош од колеги.
Иако новинарски екипи се обидоа да стапат во контакт со директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Самир Исени, тој не одговори ниту на телефонските повици, ниту на писмените пораки. Не е познато кога ќе се санира проблемот со интернетот и кога ќе се нормализира работата во поликлиниката.
Пациентите апелираат до надлежните да се вложат напори за решавање на техничките проблеми и за унапредување на условите во здравствените установи, со цел да не се доведува во прашање грижата за здравјето на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…