Објавено на:

Хаос во скопско кафуле: Го претепале, го влечеле по под и го удирале со ногарка од искршена столица

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата осомничени на возраст од 43 и 27 години, на 5 мај напладне влегле во угостителски објект на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје и без никаков претходен разговор физички нападнале едно лице кое седело во кафе-барот.

Најпрво започнале да го удираат со тупаници по главата и телото, а потоа и грубо да го малтретираат, влечејќи го по подот на објектот. Во еден момент, првиот осомничен зел и парче дрво – ногарка од искршена столица и со неа го удрил оштетениот по главата, нанесувајќи му дополнителни повреди. За тоа време, вториот осомничен не им дозволувал на другите присутни да се приближат.

Со дејствијата, двајцата осомничени предизвикале и поголема материјална штета и чувство на несигурност кај присутните и вработените во објектот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сушата на Панамскиот канал ја попречува глобалната…

Прекините ги принудуваат испраќачите да користат подолги…

Денес времето облачно и магловито

Променливо облачно, по одделни котлини со услови…

ДПМНЕ почна да соработува со Сорос

Фондацијата на Џорџ Сорос, "Отворено општество", донира…

Унгарија усвои закони за борба против странското…

Унгарскиот парламент вечерва усвои низа законски мерки…