ХАОС ВО СКОПЈЕ: 28-годишна девојка се обидела да киднапира новороденче – се оддалечила од родителите и со такси тргнала кон нејзиниот дом

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна скопјанка осомничена за кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 16 август, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на малолетно лице – новороденче старо само седум дена. На родителите на бебето осомничената им се понудила да им помогне да стигнат до Поликлиниката Бит Пазар. Во Градскиот трговски центар тие ја замолиле осомничената да го причува бебето додека да купат за јадење, по што таа се оддалечила со него. Со такси тргнала кон Ѓорче Петров, а потоа и кон нејзиниот дом, каде полициски службеници успеале да ја пронајдат и лишат од слобода. Со ваквите дејствија осомничената ги спречила родителите да бидат со своето новороденче повеќе од четири часа, а предизвикала и опасност за загрозување на здравјето на бебето.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничената, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и страв дека ќе се обиде да ги прикрие трагите на кривичното дело и да ја попречува истрагата.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…

Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…

Во тешка работна несреќа што се случила…

Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…

Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…

ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…

Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…