Хаос во Собранието на Бугарија: Летаат клоци и боксови меѓу пратениците
Редовната седница на бугарското Народно собрание беше прекината поради сериозен инцидент и физички судир меѓу пратеници, кој се случи пред очите на јавноста и телевизиските камери.
Инцидентот изби додека министерот за енергетика во оставка, Жечо Станков, говореше од собраниската говорница и одговараше на прашања од коалицијата „Продолжуваме промената – Демократска Бугарија“ во врска со проектот за изградба на 7-ми и 8-ми блок на нуклеарната централа „Козлодуј“.
Во исто време, во пленарната сала дојде до жестока расправија меѓу Гјунај Далоолу од „ДПС – Ново начало“ и Радостин Василев, лидер на партијата „Морал, единство, чест“ (МЕЧ). Расправијата брзо ескалираше во физички судир, при што, според снимките, имаше клоцање од страна на Василев, туркање од Далоолу и обид за удар со тупаница.
Покрај физичкиот судир, двајцата пратеници разменувале и тешки навреди и закани, што дополнително ја вжешти атмосферата во салата.
Поради настанатата состојба и со цел смирување на тензиите, претседателката на парламентот Раја Назарјан прогласи пауза на седницата до 11:00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…