Хаос во Сплит: За еден час падна дожд колку за цел месец

t

Силно невреме утрово го зафати хрватскиот град Сплит и поширокото подрачје. По неколкудневниот период во кој температурите надминуваа 30 степени, наглата промена на времето донесе обилен дожд, грмежи и значителен пад на температурата, објави „Јутарњи лист“.

Поради обилните врнежи, во некои улици дошло до затнување на одводите, па големи количества вода се слевале по коловозите.

Пожарникарите велат дека тоа не е невообичаено, бидејќи одводите не можат одеднаш да примат толкаво количество вода. Според локалните медиуми, во делови од Сплит за само еден час паднале повеќе врнежи отколку што во просек паѓаат во текот на целиот септември.

Метеоролошката станица при Природонаучното училиште до 10 часот измерила 77 литри дожд на квадратен метар, додека официјалниот просек на врнежи за станицата Сплит Марјан изнесува 71 литар.

Дождовите го поплавиле и новоуредениот простор за физикална терапија во Заводот за физикална медицина и рехабилитација со ревматологија при КБЦ Сплит.

Според информациите од терен, вода избивала од подот како мал „гејзер“ и не престанувала да тече, додека истовремено навлегувала и низ ѕидовите и низ таванот. Протекувањето се случило токму во просторот кој неодамна бил целосно реновиран и отворен по значителна инвестиција.

Протекување било забележано и во други делови од болницатa.

Дождот предизвикал огромни проблеми во сообраќајот. Улиците во Сплит биле целосно поплавени, а возењето станало речиси невозможно и опасно. На некои снимки се гледаат автомобили кои останале заглавени во водата.

На една од снимките кои се шират на социјалните мрежи се гледа како градски автобус и автомобили едвај се пробиваат низ целосно поплавена улица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Сплит: За еден час падна…

Силно невреме утрово го зафати хрватскиот град…

Алкохол нема да се продава по 21…

Во Сплит стапи на сила нова одлука…

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала…

Попладнево и утре ќе има невреме во…

Македонија во четврток ќе остане под влијание…