Хаос во центарот на Скопје: Шверцери го каменуваа Ајриш Паб
Инфомакс ексклузивно дознава од свои извори дека навивачката група Шверцери направиле голем инцидент во центарот на Скопје.
Припадниците на навивачката група на Шкупи со камења удриле по Ајриш Паб, локал лоциран на самиот кеј на реката Вардар во строгиот центар.
Причините за ваквиот екцес се непознати, но она што е сигурно е дека навивачката група продолжува со насилството и хулиганското однесување откако пред месец дена со камења удрија по демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог, инцидент кој што заврши со истрели од огнено оружје.
Како што дознаваме се работила за група од околу 20-тина навивачи кои со камења удриле по локалот. За среќа во инцидентот нема повредени и поголеми оштетувања на локалот.
Тие биле спречени во намерата од припадници на полицијата кои случајно се нашле на лице место по што се дале во бегство во правец кон Камениот мост.
Полицајците ги изгубиле хулиганите некаде во Старата Скопска Чаршија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…