Објавено на:

Хаос во 15 болници во Романија по кибер напад

t

Во 15 болници во Романија, по кибер напад утрово, медицинските услуги не можат да се регистрираат, а итните служби се полни со пациенти, пренесуваат романските медиуми.

Меѓу 15-те болници, најмалку три се од Букурешт. Станува збор за Националниот институт за пневмологија „Мариус Наста“, Клиничкиот завод „Фундени“ и Ургентната болница „Багдасар-Арсени“.

Системот за медицински услуги во овие медицински установи е од ИТ компанија чиј сервер беше нападнат утрово.

Останува да се утврди како ќе се пријавуваат и регулираат овие услуги, бидејќи доколку не можат да се внесат во системот, болниците нема да можат да добиваат пари од Фондот за здравствено осигурување.

Официјално соопштение или реакција од надлежните се уште нема. Но, раководителите на медицинските установи потврдија дека системот не функционира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свеста и чувството дека сум Македонец треба…

Денеска се навршуваат 152 години од раѓањето…

Златото и среброто тонат, изгубија до 60…

Златото и среброто се соочуваат со остар…

Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…

Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…

Силен земјотрес во Романија почувствуван и во…

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според…

Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…