Хап: Среќен сум што сум Македонец и што ќе играм за Македонија!
На денешниот квалификациски натпревар против Естонија, за македонската репрезентација ќе дебитира новиот натурализиран кошаркар Итан Хап.
За разлика од претквалификациите, стручниот штаб на чело со Александар Јончевски одлучи дека сега ни е потребен висок играч, па Ти Џеј Шортс доби поштеда, а местото за натурализиран играч ќе го пополни кошаркарот на Гран Канарија. Хап веќе се приклучи на подготовките и ги откри своите први впечатоци од тренинзите со македонскиот национален тим.
„Среќен сум поради сето ова, возбудливо е за сите нас, а особено за мене бидејќи е голема чест што сум Македонец и што ќе играм за Македонија. Ни претстои голема борба против Естонија и Полска и возбуден сум поради она што не очекува. Презадоволен сум од приемот овде, сите се гостопримливи, почнувајќи од претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, па до соиграчите во репрезентацијата. Убаво ми е, работиме на хемијата во тимот, имаме само неколку дена, но се обидуваме максимално да ги искористиме.
Естонија има многу талентирана репрезентација. Во минатото, тоа не беше кошаркарска земја, но во моментов има добар тим, со неколку квалитетни евролигашки кошаркари, па ќе мораме да извадиме се од нас за добар резултат.
Имаме големи очекувања како тим, но одиме чекор по чекор и не мислиме на крајниот исход. Фокусирани сме само на Естонија, а потоа ќе размислуваме на следниот противник. Се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени до петок, кога играме со Естонија“, изјави Хап.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 37 загинати при кражба на нафта…
Како што соопштија локалните организации денеска најмалку…
Белата куќа на својот сајт објави видео-игри…
Белата куќа на својот официјален сајт претстави…
Николоски: 8 поаѓања дневно на градскиот воз…
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски…
(Видео) Трамп: Шпанија ќе биде уништена земја
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
Детето кое беше избодено во Чаир се…
13-годишното дете со убодна рана в срцето…