Харадинај: Курти ги премина црвените линии
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека косовскиот премиер Албин Курти ги преминал црвените линии кога изразил подготвеност да потпише договор со Србија кој го вклучува нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство. Пишува Калџо.
Харадинај за Канал 10 изјави дека Курти изразил желба да го потпише нацртот на Заедницата без да се консултира со опозицијата.
Тој потсетува дека самиот Курти рекол дека е подготвен да потпише договор кој го вклучува тој нацрт-статут без да се консултира со никого на Косово, но дека српскиот претседател Александар Вучиќ одбил да го стори тоа.
Тој го обвини Курти за „вршење предавство“, додавајќи дека преамбулата на документот на Заедницата се однесува на Резолуцијата 1244.
„Курти отиде подалеку од која било можна имагинација. Тој всушност се согласи да ја ускрати државноста на Косово кога сакаше да го потпише тој документ што се однесува на резолуцијата 1244 во преамбулата. Нашата независност ја негира резолуцијата 1244 бидејќи резолуцијата 1244, на некој начин, го замрзнува суверенитетот на Србија Значи Курти навистина извршил предавство“, рече Харадинај.
Курти, како што вели, не можел на ниту еден начин, односно Уставот на Косово и законите не му дозволуваат, да го прифати нацрт-статутот на Заедницата споменат во Резолуцијата 1244.
„Нашиот Устав ја негира резолуцијата 1244, нашата декларација за независност, го негира тоа. Значи Курти навистина ја премина секоја потенцијална црвена линија, тој е во неуставна позиција“, додава тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…
Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…