Објавено на:

Харадинај: Смената на Курти е национална должност, тој е болен за власт

t

– Што друго треба да се случи за вие, кои имате глас, разум и срце и кои го сакате Косово, да се уверите дека замената на овој човек денес е национална должност – напиша тој на Фејсбук.

Според Харадинај, деградацијата на владата достигнала огромни размери, „и внатрешно и надворешно“.

– Сѐ додека толку владини функционери и луѓе блиски до власта и владејачката партија се вмешани во разни афери, нечуени на Косово, тогаш обвинувањата се насочени само на една адреса. Нивниот шеф и лидер е тој што ги вработи, премиерот на земјата и претседател на Самоопределување, Албин Курти – напиша Харадинај.

Тој нагласи дека решението за актуелната ситуација на Косово е изгласување недоверба на владата на Курти и распишување нови избори.

– Со оглед на тоа дека имаме работа со човек кој е болен за власт, неодговорен и бескрупулозен и кој не се откажува, задолжително е да се мобилизираат сите оние кои ја сакаат татковината и кои ги застапуваат интересите на државата и граѓаните, без партиски разлики. Свикувањето вонредна седница за распуштање на владата преку гласање недоверба е единственото решение за спас на државата и отворање на патот кон влада на национално единство и нови избори – порача Харадинај на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…