Хари и Меган ќе бидат поканети на крунисувањето на Чарлс Трети
Војводата и војвотката од Сасекс ќе бидат поканети на крунисувањето на кралот и покрај тврдењата што ги изнеле против кралското семејство во документарен филм на Нетфликс, објавија медиумите.
Хари и Меган ќе имаат место на историската церемонија на Чарлс на 6 мај доколку сакаат да присуствуваат, пишува Дејли Телеграф.
Списоците на гости за церемонијата допрва треба да се изготват, но извор изјави за весникот дека „сите членови на семејството ќе бидат добредојдени“.
Бакингемската палата одби да коментира.
Кралот Чарлс наводно бил повреден од критиките на Хари и Меган кон кралското семејство, но не се откажал од надежта за помирување.
На церемонијата на крунисување на 6 мај, и Чарлс и Камила ќе бидат крунисани пред стотици гости во Вестминстерската опатија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…