Хајдук може да остане без Гатузо: Италијанецот добива понуда од Серија А?
Џенаро Гатузо од доаѓањето во Сплит работи одлично со тимот на Хајдук и ако се одземе елиминацијата од Ружомберок во квалификациите за Конференциската, Италијанецот и тоа како успешно работи во клубот.
По 15 кола што значи речиси по скоро половина првенство, Хајдук е лидер на табелата со три бода повеќе од Динамо Загреб и седум повеќе од третопласираниот Динамо Загреб. Во купот исто така успеа да дојде до четвртфиналето без поголеми проблеми.
Ваквиот учинок на Гатузо и добрата игра на Хајдук е причина за него интерес да покажат и поголеми клубови. Претходно се поврзувао Ренџерс, а се италијанските медиуми пренесуваат дека Гатузо на својата клупа сака да го види Торино.
Торино во овој момент е предводен од Паоло Ваноли, но поминува низ сериозна резултатска криза. На последните десет натпревари во сите натпреварувања, Торино претрпе пораз на дури осум, победи само на една и уште еден дуел заврши без победник. Во овој момент се во серија од пет натпревар без триумф со само три бода повеќе од зоната за испаѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ги менува правилата за онлајн пратки,…
Советот на ЕУ даде конечно одобрение за…
Цената на бензинот во Германија собори историски…
Цената на бензинот „Супер Е10“ во Германија…
Турски медиуми: Средба на директорите на турското…
Директорот на турското разузнавање (МИТ), Ибрахим Калин,…
Мадуро бара американскиот суд да го отфрли…
Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро побара од…
Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста…
Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров,…