Објавено на:

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет

t

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на денешната прес-конференција изјави дека САД постигнале „одлучувачки воени резултати во Иран, а операцијата „Епски бес“ ја оцени како „смела и опасна мисија, подарок за целиот свет“.

Според него американската поморска блокада на иранските пристаништа „секој ден станува се посилна“.

– Пораката до режимот во Техеран е: блокадата се стега од час во час. Ние имаме контрола. Ништо не влегува и ништо не излегува – посочи Хегсет.

Тој наведе дека сега Иран треба да донесе мудра одлука и да се откаже од поседување нуклеарно оружје.

– Инаку, можат да гледаат како кревката економска состојба на нивниот режим се распаѓа под немилосрдниот притисок на американската моќ – истакна Хегсет.

Тој ги предупреди Европа и Азија дека „заврши времето на бесплатен превоз“.

– Европа и Азија со децении имаа корист од нашата заштита, но заврши времето на бесплатен превоз. Америка и слободниот свет заслужуваат способни и верни сојузници, кои разбираат дека сојузништвото не е еднонасочна туку двонасочна улица – истакна Хегсет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…

ЕУ од утре со нови правила за…

Во Европската унија од утре се менуваат…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…

Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…

Американка две години лажела дека е болна…

Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…