Хезболах му честиташе на Хамас за нападот на Израел
Хамас го нападна Израел, масакрирани цивили лежат расфрлани по улиците, ова е војна.
Утрово десетици ракети се истрелани од Појасот Газа кон Израел. Службите за итни случаи велат дека во нападот загинале најмалку 22 лица. Исламистичката група Хамас ја презеде одговорноста за нападот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е во војна.
Хезболах му честиташе на Хамас за нападот: Тоа е херојска операција против Израел. Проиранското шиитско движење Хезболах од Либан, кое има силно вооружено крило, денеска му честиташе на исламистичкото движење Хамас за „херојската операција од големи размери“.
Палестинците со булдожер ја урнале граничната ограда и го нападнале Израел.
-Ненадејниот напад на Хамас врз Израел беше колосален неуспех на израелското разузнавање, изјави во саботата експертот за безбедност на Би-Би-Си, Френк Гарднер. Израел има една од најобемните и најсофистицираните разузнавачки мрежи на Блискиот Исток, и домашни и странски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски…
Според Евростат, последни сме во Европа по…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…
АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…