Хезболах ѝ се закани на Европа: Одговорот ќе биде громогласен
Од почетокот на последната војна на Блискиот Исток, зачестија конфликтите меѓу Израел и либанскиот Хезболах, кој сега му се заканува и на Западот.
Хезболах во средата ги предупреди своите противници дека е „илјада пати посилен“ од претходно, откако неговите борци разменија оган на границата со израелските сили.
САД го предупредија Иран, кој ги поддржува Хезболах и палестинската група Хамас, да не се меша во кризата и распоредија два носачи на авиони за кои велат дека имаат за цел да го одвратат секој државен или недржавен актер кој сака да ја ескалира војната.
Лидерот на Хезболах, Хашем Сафиедин, говорејќи пред илјадниците поддржувачи, рече дека американскиот претседател Џо Бајден, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „злонамерните Европејци“ треба да бидат внимателни.
– Одговорот на грешката што можевте да ја направите со нашиот отпор ќе биде громогласен. Затоа што она што го имаме е верата, а Бог е посилен од вас, сите ваши воени бродови и целото ваше оружје – рече тој, говорејќи на протестот по смртта на стотици луѓе во болница во Газа.
Хамас тврди дека Израел ја нападнал таа болница, додека Тел Авив тврди дека виновни се исламистите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…