Објавено на:

Херсон е веќе руски – Русија подготвува анексија и без референдум?

t

Локалните власти инсталирани од Москва во градот Херсон во јужна Украина велат дека имаат намера да побараат од претседателот Владимир Путин регионот да ѝ се придружи на Русија, што е најјасен знак досега дека Кремљ планира да ја анектира покраината, пишува Фајненшл Тајмс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред новинарите денес изјави дека „жителите на Херсон треба да одлучат“ дали ќе станат дел од Русија, пишува Интерфакс. Московските сили го окупираа јужниот регион на Украина од првите недели од нејзината инвазија.

Песков додаде: „Ваквите судбоносни одлуки мора да имаат апсолутно јасна правна основа, да бидат целосно легални исто како што беше во случајот со Крим“. Соседниот полуостров беше анектиран од Украина од страна на Русија во 2014 година, откако таа ги испрати своите специјални сили пред референдумот.

Повеќето земји не ја признаваат руската анексија на Крим, за која Украина и нејзините сојузници велат дека е кршење на меѓународното право.

Песков не кажа дали Русија има намера да одржи сличен референдум во Херсон, а тамошните функционери назначени од Москва рекоа дека нема да побараат таков, што силно укажува дека Москва нема намера да ги врати заземените територии на Украина.

Русија сакаше да ја зацврсти својата контрола над поголемиот дел од Херсон и поголемиот дел од соседниот регион Запорожје, иако нејзините трупи се повлекоа од централна Украина кон крајот на март. Руските сили, исто така, не успеаја да постигнат значителен напредок во офанзивата за источниот пограничен регион Донбас и беа протерани од областа во близина на Харков, вториот по големина град во земјата.

Херсон е веќе Руски?

Кирил Стремусов, заменик-регионалниот гувернер назначен од Русија, денеска рече дека „градот Херсон е Русија“, додавајќи дека нема планови за одржување на сепаратистички референдуми за независност како оние во окупираните области на источниот пограничен регион Донбас во 2014 година.

Како и референдумот на Крим, гласањата во Доњецк и Луганск беа одржани откако милициите поддржани од Русија презедоа контрола над поголемиот дел од регионот, што ги натера украинските власти и многу проукраински жители да избегаат.

„Нема да има референдуми. Тоа ќе биде декрет врз основа на апелот на регионалното раководство на Херсон до рускиот претседател и ќе има барање за вклучување на регионот во соодветна област на Руската Федерација“, рече Стремусов, пишува РИА Новости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Само во Русија: Изложба на воени…

Запленетите германски тенкови Леопард 2 и пешадиско…

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…