Херцог и Нетанјаху: Терористите на Хезболах убија деца, ќе платат висока цена
Израелскиот претседател Исак Херцог синоќа изјави дека либанското исламистичко движење Хезболах „нападна и уби деца“ во ракетниот напад на Голанската висорамнина која е под контрола на Израел, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Хезболах ќе „плати висока цена“ за тој напад.
– Терористите на Хезболах денеска насилно нападнаа и убија деца, чие единствено злосторство беше што излегоа да играат фудбал. Не се вратија, се вели во соопштението на Херцог.
Според последниот биланс 12 луќе, најмногу деца, загинаа во ракетниот напад на фудбалско игралиште во градот Мајдал Шамс, на Голанската висорамнина.
Израелската армија ја обвини либанската милитантна група Хезболах, која негира дека стои зад нападот врз цивили.
Нетанјаху синоќа изјави дека Хезболах „ќе плати висока цена“ за ракетниот напад на Голанската висорамнина.
Тој разговараше со лидерот на локалната заедница и рече дека Израел нема да дозволи „смртоносниот напад да остане без одговор“ и оти Хезболах, кој негира дека го извршил нападот, ќе плати „висока цена, цена која никогаш претходно не ја платил“ соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
Нетанјаху поради нападот ја скрати посетата на САД и утрово се очекува да пристигне во Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Преподобните маченици Галактион и…
Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…