Хибридни напади и во Романија: Обвинение против Калин Ѓорѓеску, лидерот на поништените избори

t

Обвинителството во Романија поднесе обвинение против Калин Ѓорѓеску, лидерот на поништените претседателски избори, поради наводно планирање на насилни протести во соработка со Хорасио Потра, поранешен француски воен легионер, објави Ројтерс. Сè уште не е познато кога ќе започне судењето.

Покрај Ѓорѓеску, обвинети се и уште 21 лице, меѓу кои и Потра. Според обвинителството, по тајна средба со Ѓорѓеску, Потра формирал паравоена група од 21 член, која имала цел да маршира кон главниот град Букурешт и да организира протести за добивање широка поддршка против институциите на владеењето на правото.

Главниот обвинител Алекс Флорента изјави дека кривичната истрага открила серија хибридни напади врз Романија во изминатата година, насочени кон гласачите и институциите. Кампањата, како што наведе, вклучувала сајбер напади, јавни настани и онлајн дезинформации. Москва негираше вмешаност во дезинформациските активности.

Флорента додаде дека Ѓорѓеску имал директна корист од онлајн кампањите, а податоците покажуваат дека неговата содржина била промовирана во повеќе од 40 групи познати по ширење дезинформации, со вкупно 1,3 милиони членови.

Романија, членка на ЕУ и НАТО, во декември минатата година ги поништи претседателските избори поради сомневања за руско мешање во корист на Ѓорѓеску, кој е остар критичар на НАТО, Брисел и западната поддршка за Украина. Повторените избори во мај ги доби проевропскиот центрист Нишор Дан.

Ѓорѓеску, на кого му е забрането повторно да се кандидира, моментално се соочува со две истраги и тврди дека е невин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…

Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Тикток-предизвик довел до трагедија во Романија: Момчиња…

Двајца тинејџери загинаа во тешка сообраќајна несреќа…