Хил: Луѓето велат дека Србите треба да преболат што Косово е независна држава
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград, Кристофер Хил денеска порача дека Србите треба да го преболат тоа што Косово е независна држава.
„Луѓето велат дека Србија едноставно треба да разбере дека Косово е независна држава, да го преболи и да продолжи понатаму. Би сакал и таа да го направи тоа, но факт е дека проблемот е многу покомплексен“, изјави Хил.
Амбасадорот ги коментираше и настаните во Бањска за што изјави:
„Како прво нешто кон решавање на проблемот, мораме навистина да ги бараме одговорните одговорните за она што се случи, за да не се повтори“, рече амбасадорот, учествувајќи на панелот „Западен Балкан во глобален (не)ред. “.
Тој изјави дека вториот чекор ќе биде да се смири ситуацијата на северот на Косово и потоа да се најде политичко решение.
„Важно е САД и ЕУ заеднички да се обидат да ги решат проблемите на Западен Балкан. Косово се уште е многу тежок проблем со причина“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…