Објавено на:

Хил пресече за Заедницата на албански општини во Србија: Бриселскиот договор се однесува на Косово, а не на прашањето за албанското малцинство во Србија

t

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, во Бујановац изјави дека бриселскиот договор се однесува на Косово, а не на прашањата за малцинствата во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Морам да бидам многу јасен кога велам дека дијалогот во Брисел е за решавање на проблемите меѓу Приштина и Белград. Целта на дијалогот не е да се решаваат било какви други прашања, прашањата на малцинствата овде или во другите делови на земјата, рече Хил, соопшти порталот „Бујановачке“.

Американскиот амбасадор истакна дека прашањето за албанското малцинство во Србија е исклучиво прашање на државата Србија и повтори дека „тоа нема никаква врска со бриселскиот дијалог“.

Според него, официјалната политика на САД е да го поддржат Бриселскиот дијалог и постигнатиот договор, „чиј важен дел е формирањето на Заедницата на српските општини“.

-Договорот што е постигнат ни на кој начин нема интенција да ги премине границите, нагласи амбасадорот.

На новинарско прашање за писмото на американските конгресмени кои по средбата со албанските политичари од Бујановац и Прешево побараа од американскиот државен секретар Ентони Блинкен да формира и заедница на албански општини, амбасадорот рече дека го почитува она што го кажуваат конгресмените, но дека таквата заедница не е дел од Бриселскиот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…