Хил: САД и Србија се на иста страна за најголем дел од светските проблеми
Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека разговарал со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
За проблемите со кои се соочуваат двете земји заедно и за најголемиот дел од светските проблеми САД и Србија се на иста страна, истакнал амбасадорот Хил.
„Треба многу да се направи во светот во однос на проблемите кои се важни и за Србија и за САД. Неопходно е да се запре руската агресија врз Украина, да се врати мирот“, рече Хил и додаде дека тоа треба да се направи заеднички.
Хил и Дачиќ потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Министерството за надворешни работи на Србија и Стејт департментот на САД.
„Тоа е можност дипломатите подобро да се запознаат. Србија има традиција на многу добри дипломати“, рече Хил.
Тој оцени дека ова е мал чекор на многу подолг пат на зближување меѓу двете министерства и двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…