Хил: Србија мора подобро да ги претстави своите аспирации и намери кон ЕУ
Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, денеска на бизнис форумот Копаоник оцени дека Србија мора подобро да им објасни на партнерите што се обидува да направи, со кои проблеми се соочува, но и да биде јасна во желбата и решеноста да продолжи на европскиот пат, пренесува РТВ.
„Има луѓе кои веруваат дека Србија нема да го продолжи европскиот пат, други слушаат дека ЕУ нема да ја интегрира Србија, има голема недоверба. А кога е така, луѓето не сакаат да преземат мерки кои не се лесни , мерки кои се тешки, особено кога не знаете што добивате“, рече Хил на панелот на кој говореа и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре и министерката Тања Мишчевиќ.
„Да, добивате нешто, но мора да знаете што е тоа“, рече Хил.
Тој додаде дека ваквите мерки на патот до пристап се охрабрувачки, јасно да се дефинира што се добива и која е наградата.
„Србија мора подобро да го претстави својот случај, кои се нејзините аспирации, што има намера, ситуацијата мора да биде јасна“, рече Хил, кој го спореди пристапниот процес со нивоа во игрите, со оценка дека на новото ниво може да наиде на тешкотии кои не беа на претходното ниво и круг на пристапување.
Тој смета дека е многу важно Србија да ги има сите атрибути за пристапување за да знае каде е добро.
Амбасадорот додаде дека треба да се знае колку Србија направила за обезбедување на енергетската безбедност, колку притиска на полето на зелената енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…