Хил: Србија плаќа превисока цена за невоведување санкции за Русија
Соединетите Американски Држави разбираат дека Србија има историско искуство со санкциите, но дека почнала да плаќа превисока цена за воздржаноста во прашањето за санкциите против Русија, оценува амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил.
Хил вели дека не е во позиција да коментира за евентуалните санкции од Брисел доколку Србија не го прифати европскиот предлог за решение на косовското прашање.
„Што се однесува до ЕУ и САД, тоа е вистинскиот начин да се придвижиме кон решавање на проблемот што не оптоварува овде повеќе од 20 години, затоа овој предлог треба да се разгледа многу сериозно и да се размислува за начините како да се усвои. Сите се обидуваат да најдат решение како би воспоставиле мирна ситуација во регионот. Тоа е она што се обидува да го направи Европската унија, а јас би рекол дека САД го поддржуваат предлогот на Унијата сто проценти. Се разбира, тоа е процес и ништо не е завршено – додека не се заврши, сигурно ќе продолжи“, рече тој за новинарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…