Хипер: За иднината на Гренланд одлучуваат неговите жители
ЕУ е секогаш посветена на меѓународното право и на принципот дека границите мора да се почитуваат без разлика на големината или моќта на една нација, истакна денеска портпаролката на Европската комисија за надворешна работи и безбедносна политика Анита Хипер во одговор на прашање за коментар на изјава на државниот секретар на САД, Марко Рубио дека американскиот претседател Доналд Трамп „не се шегува“ кога говори за данскиот остров Гренланд.
– За иднината на Гренланд одлучуваат луѓето што живеат таму. Ние го поддржуваме Гренланд во постигнувањето на неговите цели за безбедност и за развој, изјави Хипер.
Таа додаде дека во исто време ЕУ останува подготвена да работи заедно со САД, во тесна соработка со Данска, за да се осигура безбедноста во регионот на Арктикот.
Во вторникот и заменикот главен портпарол на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер во одговор на прашање за ставот на ЕК за изјавите на Трамп за преземање на Гренланд од страна на САД, порача дека за иднината судбина на островот треба да решаваат неговите жители.
– Светоста на границите е основен принцип на меѓународното право што важи подеднакво за сите нации, без разлика на нивната големина или влијание. Во блиска соработка со Данска, стоиме зад Гренланд и го поддржуваме правото на самоопределување на Гренланд. Ние сме посветени и ги поддржуваме овие многу важни принципи на меѓународното право и на глобалниот поредок заснован на правила, изјави Де Керсмакер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…
Во Хрватска, особено во планинските предели на…
Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…
(Видео) Иран го нападна Бахреин
Властите во Бахреин утрово издадоа две предупредувања…
„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…
Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…