Ховениер: САД сериозно го сфаќаат прашањето за корупцијата

t

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, по одлуката за забрана за влез во САД на поранешниот директор на Одделот за набавки во Министерството за трговија и индустрија на Косово, Неџат Красниќи, изјави дека во иднина ќе се направат напори да ги поддржи косовските институции кога е во прашање владеењето на правото.


На Красниќи му беше забранет влезот во САД поради вмешаност во корупција, а Ховение преку социјалната мрежа „Х“ изјави дека последната одлука ја потврдува сериозноста со која САД ги преземаат корупциските прашања.

„Ќе продолжиме да ги користиме сите расположливи средства за промовирање на одговорност и одвраќање на идното криминално однесување со поддршка на косовските институции за владеење на правото“, рече Ховениер во соопштението на портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…

ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…