Холандија бара од ЕУ да ги забрани мастиките
Холандската влада ја повика Европската Унија да ја забрани продажбата на гуми за џвакање што содржат пластика, тврдејќи дека гумата за џвакање е главен извор на загадување со микропластика и дека претставува скап отпад што општините тешко го отстрануваат.
Предлогот е доставен до Европската комисија и, доколку се усвои, забраната би можела да стапи на сила најрано во 2030 година, објавува „НЛ Тајмс“.
Холандија побара да се дозволи продажба само на гуми за џвакање направени од природни состојки.
Луѓето во Холандија џвакаат околу 3,5 милиони килограми гуми за џвакање секоја година и, по филтрите за цигари, тие се најчеста форма на отпад во земјата, што претставува 13 проценти од целиот отпад.
Конвенционалните гуми за џвакање се направени од синтетичка гума на база на полимери добиени од нафта, односно пластика, на која се додаваат состојки како што се: шеќер, ароми, смоли, пластификатори, емулгатори и други адитиви.
Гумата за џвакање на база на пластика може да се разградува за 20 до 100 години, додека гумата за џвакање направена од природни состојки се разградува многу побрзо, од неколку недели до десет години.
Холандската влада побара, доколку не може да се обезбеди забрана на гуми за џвакање што содржат пластика, производителите наместо тоа да ги покријат трошоците за чистење. Холандските и европските здруженија на кондиторски производи, ВБЗ и „ИЦГА Европа“, се спротивставуваат на барањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко си го тепал малото дете, мајката…
На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…
Раперот Дон Џони, кој сними спот во…
Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…
Маж приведен на ГП „Блаце“
На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…
Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа
Македонија се најде меѓу европските пазари со…