Холандија планира укинување на 25.000 работни места во државната управа до 2035 година

t

Холандската влада планира до 2035 година да укине 25.000 работни места со полно работно време во државната управа, што претставува околу 16 отсто од вкупно 160.000 вакви позиции, најави денеска државниот секретар Ерик ван дер Бург од Народната партија за слобода и демократија (ВВД).

Во одделни сектори на државната управа бројот на работни места ќе биде намален за 20 отсто, додека во други кратењата ќе достигнат и до 60 отсто, пренесуваат медиумите.

Владата во Амстердам не планира општа забрана за вработување во државната управа, но внимателно ќе проценува дали е неопходно да се пополни секое испразнето работно место.

Ван дер Бург предупреди дека заминувањето на клучни вработени без соодветна замена би можело да доведе до застој во работата на државните служби.

Планот предвидува и намалување на зависноста од скапите надворешни соработници, со поголема употреба на дигитални решенија, вклучително и чет-ботови кои на граѓаните ќе им обезбедуваат информации во текот на целиот ден.

Владата има намера да го намали и деловниот простор што го користи државната управа, така што на долг рок ќе биде обезбедено по едно работно место на секои двајца државни службеници.

Според Ван дер Бург, искористеноста на канцелариите ретко достигнува 70 отсто, дури и во најфреквентните денови, бидејќи голем број вработени работат од дома.

Вишокот простор би можел да биде пренаменет во станбени објекти, деловни канцеларии или хотели.

Холандија со овие мерки сака да оствари буџетски заштеди во износ до 3,5 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија планира укинување на 25.000 работни места…

Холандската влада планира до 2035 година да…

Колумбија заплени рекордни 7,6 тони кокаин, дрогата…

Властите во Колумбија запленија 7,6 тони кокаин…

Холандија се откажува од Евровизија

Холандија нема да учествува на Евровизија следната…

Експлозија во пристаништето во Ротердам: едно лице…

Едно лице загина, а неколку други се…

Македонец бил удрен од автомобил во Холандија,…

На патот Масвлакте, Ротердам, 31-годишен маж од…