Холандија протерува руски дипломати поради страв од шпионажа

t

Холандските власти ќе протераат десетмина руски дипломати, изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра. Тој рече дека одлуката е поради тоа што Русија се обидувала тајно да ги смести своите разузнавачи во Холандија.

Холандската влада вчера соопшти и дека ќе го затвори својот конзулат во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, и дека ќе го ограничи бројот на руски дипломати во руската амбасада во Хаг.

„Русија продолжува да се обидува тајно да внесе разузнавачки агенти во Холандија под закрила на дипломатијата. Тоа не можеме и нема да го дозволиме“, рече во изјавата министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра.

Лани во март, Холандија протера 17 руски дипломати осомничени за шпионажа, а како одмазда Москва протера неколку холандски дипломати од Русија. Холандскиот министер рече дека земјите се согласиле да примат нови дипломати, но дека Русија не сака да ги издаде потребните визи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг…

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата…

Јужна Кореа најави парична помош за Украина,…

Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина…

Холандија има најкратка работна недела, луѓето работат…

Земја со најкратка работна недела е Холандија,…

Во Турција приведени 33 лица осомничени за…

Турските власти приведоа 33 лица осомничени за…

Холандија е пред формирање на влада преку…

Во Холандија е можно формирање на владина…