Холандија ќе им плати дел од сметките за струја и гас на граѓаните

t

За да помогне при растечки цени на енергијата, холандската Влада планира да плати дел од сметките за струја и гас на своите граѓани. Кралот Велем-Александар во денешното обраќање по повод почетокот на парламентарната година истакна дека „е болно тоа што луѓето веќе не можат да ги платат своите сметки“.

Во обраќање пред Парламентот, кралот традицонално ги соопштува плановите на Владата.

Еден од плановите е ограничување на сметките за енергија и државата ќе ја плаќа пазарната разлика директно на енергетските компании.

Ограничувањето на цената ќе важи само за дел од потрошувачката на енергија. Тоа ќе се заснова на просечната потрошувачка на домаќинствата на почетокот од годината, пред руската инвазија врз Украина и последователното зголемување на трошоците за енергија.

Оние кои трошат повеќе ќе ја платат моменталната пазарна цена. Холандската коалициска Влада на премиерот Марк Руте сака да спречи граѓаните да се соочат со финансиски потешкотии поради екстремно високите цени на енергијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…

Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…

Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…

Девет луѓе беа убиени во украински напад…

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…

Почина легендарниот актер Тим Кари

Актерот Тим ​​Кари, кој почина на 80-годишна…

Ако Моџтаба е мртов, тогаш иранската влада…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…