Хорор во Бугарија: Татко го полеал со бензин и го запалил 4-годишното дете, лекарите се борат за неговиот живот
Четиригодишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, откако претходно било полиено со бензин и запалено, објави БНТ.
Детето има 80% изгореници по телото и е во исклучително тешка состојба. Како што пишуваат бугарските медиуми детето било запалено со бензин од сопствениот татко. Ужасниот чин се случил нешто пред 17 часот.
Детето е донесено во болницата во 17 часот и 15 минути, изјави директорот на медицинската установа, д-р Валентин Димитров. Лекарите се борат за неговиот живот.
„Се работи за дете на возраст од 4 години и 8 месеци, донесено од Благоевград со многу тешки изгореници, кај нас дојде во 17 часот и 15 минути. Веднаш беше однесено во шок соба. Во моментов колегите работат и се под притисок. Детето е во критична состојба и животот му е во опаснот “, истакна Валентин Димитров.
Според него, детето е без придружба. Повеќе детали за неговата состојба би можеле да бидат соопштени утре.
Изгорениците се насекаде тешки“, рече Димитров.
Полицијата работи со двајцата родители на расветлување на сите факти и околности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…