Хорор во Скопје: Маж со денови ја тепал партнерката и не ѝ дозволувал да замине

t

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.

Обвинетиот, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, во периодот од 10.10.2021 година до 12.3.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати и ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница. Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди, а потоа и забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со поднесеното обвинение доставил и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…