Хорор во Скопје: Сопружници убиле човек на паркинг!
Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело.
На 21.03.2024 година, на паркинг простор во населбата Автокоманда, осомничениот 65-годишник со умисла го лишил од живот сега покојниот Ацо Трповски. Притоа, му помогнала 59-годишната осомничена, прикривајќи ги средствата и трагите од извршеното кривично дело.
Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат.
Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале.
Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЛСКА ПРЕДУПРЕДУВА: МОСКВА МОЖЕ ДА ПОДГОТВУВА „НЕШТО…
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…
Приведен жител на радовишко Калаузлија, подметнал пожар…
На 24.09.2026 во 14:00 часот во село…
Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот…
ЗАКАНИ, НАВРЕДИ И НЕДОЛИЧНИ ЗБОРОВИ НА ЈАВНАТА…
Со закани, недоличен речник и навреди од…
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…