Објавено на:

Хорор во Словенија: Ученик застрелал врсник со пиштол во училиште

t

Ученик во основно училиште во Словенија случајно ранил врсник, откако пукал кон него со пиштол, потврди вчера полицијата која го истражувала случајот, но инцидентот не го смета за напад бидејќи процениле дека немало намера за пукањето.

13-годишен основец во Жужемберк бил застрелан ненамерно поради невнимателно ракување со оружје, соопшти локалната полиција од Ново Место, каде повредениот бил пренесен во болница, каде што соопштија дека поминал со полесни повреди.

Се се случило во соблекувалната во салата на училиштето, пренесуваат словенечките медиуми.

Како што изјавија од полицијата, се работи за пиштол „хрватско производство“ од 90-тите години, калибар девет милиметри, а наводно му припаѓал на починат роднина на ученикот кој го донел на училиште, јавија словенечките медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените…

Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се…

(Видео) Пратеник на СДС се качи на…

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј…

Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп

Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на…

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Дете удри во дрво и загина на…

Дете трагично го загуби животот денеска на…