Хорор во Софија: Малолетен ученик избоден со нож
Шеснаесетгодишен ученик бил нападнат и избоден со нож во центарот на Софија. Пријавата за кривичното дело е поднесена вчера околу 19 часот, потврдија од прес-центарот на Министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Според првичните податоци, момчето било избодено во кругот на училиштето на улицата „Пировска“. На местото на настанот се испратени полициски и екипи на итната помош. Повредениот тинејџер е пренесен и ставен на лекување во „Пирогов“. Неговата состојба е стабилизирана и нема опасност по неговиот живот.
Во моментов се разјаснуваат причините за тоа што се случи. Двајцата сторители се уапсени. За случајот е поведена предистражна постапка, а истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…
Во тек се подготовките за заминување на…
Предлог Дара да биде прогласена за почесен…
Претседателот на Општинскиот совет на Софија (ОСС),…
(ФОТО) Американски воени авиони на аеродромот во…
Извори на бугарскиот портал „Сега“ и објави…
Пожар во станбена зграда во Софија, една…
Жена на возраст од 45 години го…
Протест во Софија за фер и чесни…
Во главниот град на Бугарија, Софија, се…