Хорор во Софија: Туристка изгоре во хотел

t

Колумбиска туристка загина, а двајца возрасни и две деца се хоспитализирани по пожар во хотелот „Централ“ во центарот на Софија, јави дописникот на МИА од Софија.

Инцидентот се случил околу 6:10 часот по локално време. Хоспитализираните се двајца постари мажи, како и две деца – една година и седум месеци и 12 години, кои се во добра состојба.

Заменик-директорот на противпожарната служба, комесарот Љубомир Баров за БНР изјави дека загинатата жена била во собата каде што избувнал пожарот.

Пожарот избувнал на третиот кат од хотелот кој има 70 соби и бил полн. Сите негови гости биле евакуирани. Повеќето од гостите на хотелот биле странци.

Во акцијата за спасување учествувале шест противпожарни возила, а повредените биле превезени со две возила на брза помош.

Сè уште не можат да се утврдат причините за пожарот.

Главниот комесар Николај Николов, кој е директор на противпожарната единица, вели дека засега нема податоци или траги за намерно предизвикување на пожарот. Не е познато и дали алармниот систем бил активиран.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…

Во тек се подготовките за заминување на…

Предлог Дара да биде прогласена за почесен…

Претседателот на Општинскиот совет на Софија (ОСС),…

(ФОТО) Американски воени авиони на аеродромот во…

Извори на бугарскиот портал „Сега“ и објави…

Пожар во станбена зграда во Софија, една…

Жена на возраст од 45 години го…

Протест во Софија за фер и чесни…

Во главниот град на Бугарија, Софија, се…