Објавено на:

Хорор во Србија: Маж и малолетник мачеле, силувале и ограбиле 68-годишна жена

t

Двајца мажи се осомничени дека упаднале во куќа на 68-годишна жена во Србија и дека извршиле страшни злосторства – прво ја мачеле, потоа ја силувале и на крајот ја ограбиле.

Српскиот медиум „Нова“ пишува дека и двајцата синови на силуваната повозрасна жена починале, едниот пред две години, а другиот пред пет години. Како што велат нејзините соседи, жената имала тешки моменти во животот, а насилниците тоа го знаеле.

Инцидентот се случил во околината на Зрењанин. Љуба Н. (32) и неговиот малолетен пријател (17) се осомничени дека пред два дена упаднале во семејната куќа на С.К. (68) и ја мачеле, силувале и ограбиле жртвата.

„И двајцата синови ѝ умреа, едниот пред неполни две години, а другиот пред пет години. Таа страдаше, ова е страшно што и се случи. Се се случи пред два дена. Тие дошле во нејзината куќа со автомобил, по што двајца влегле внатре, а другите двајца останале во возилото. Тие упаднале во нејзината куќа, а потоа ја мачеле и малтретирале, а на крајот кога се онесвестила од тортурата, ја силувале и ограбиле“, сведочат соседите за српските медиуми.

„Кога жената се освестила едвај отишла кај првите соседи по помош. Тие пријавиле се во полиција, која набрзо уапсила двајца мажи од истото место, а се трага по уште двајца“, додал изворот.

Полицијата се сомнева дека мажите ја демнеле 68-годишната пред нападот и дека биле свесни дека живее сама. Ним им е одредена мерка притвор од 48 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пребаруваат гробиштата во Злот: Еве каде…

Додека цела Србија се прашува каде е…

Вучиќ најави нови инвестиции од француски компании…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Осомничените за убиството на Данка не покажале…

„Навистина ми е неразбирлива таа ладнокрвност при…

Вучиќ од Париз: Стекнувањето на „рафали“ би…

Започнавме со важни средби за нашата земја,…

Вучиќ денес на средба со Макрон: 14…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…