Хорор во Србија: Tатко си ги снимал малолетните ќерки со мажи и ги продавал снимките, уапсена и неговата партнерка
Маж од Крушевац и неговата емотивна партнерка се уапсени под сомнение дека сториле кривични дела против сексуалната слобода на штета на неговите малолетни ќерки од претходните бракови, а Основното јавно обвинителство и полицијата сега имаат тешка задача да утврдат дали макро или принудил некој од нив на проституција, пишуваат српските медиуми.
Случајот е во фаза на преземање доказни дејствија, а се проверува дали сториле некое од кривичните дела: недозволени полови дејствија, дистрибуција на порнографски материјал или сексуална експлоатација.
Полицијата истражува за да утврди дали има елементи за обвинение.
Случајот е исклучително сложен, пред се поради семејните врски меѓу осомничениот и наводните жртви.
– Обвинувањата се страшни и се уште не се целосно дефинирани. За работите да бидат уште пострашни, станува збор за ќерките на уапсените. Освен да се провери дали некој од нив е макро, треба да се утврди и дали можеби ги снимал додека наводно биле со мажи и ги дистрибуирал тие снимки. Засега интензивно се истражуваат сите околности за извршување на неколку наводни кривични дела – вели соговорник близок до истрагата.
Како што е познато, постапката е започната кога една од наводно повредените девојчиња и се доверила на мајка си, поранешната сопруга на осомничениот, која целиот случај го пријавила во полиција откако ќерката и кажала што и се случило. Тогаш се огласила ќерката на осомничениот од друг брак, односно полусестрата на жртвата.
Во меѓувреме, полицијата почна да ја проверува автентичноста на сите изјави, се сослушуваат сведоци, а ќе се вршат и дополнителни вештачења, не само психолошко психијатриско, туку ќе се проверуваат мобилните телефони и целата комуникација од социјалните платформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…