Хорор во Тетово: Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт
Вчера околу 17:20 часот, полициски службеници ја лишиле од слобода В.М. (42) од Прилеп, со престој во Тетово. Подоцна, околу 18:30 часот, во селото Сараќино, бил приведен и Б.С. (37) од истото село.
Како што соопшти полицијата, претходно во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот жена била забележана како физички го малтретира своето тримесечно бебе. Лицата кои го пријавиле настанот интервенирале и веднаш ја известиле полицијата.
За случајот биле известени социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Надлежните институции продолжуваат со утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и со проценка на состојбата и заштитата на детето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…