Хорор во училиште во Ченто: Ученик влегол и прободел врсник кој заврши во болница

t

15-годишник е лишен од слобода откако со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во општина Гази Баба, потврди Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во ООУ „25 Мај“ во Ченто.

„На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Неофицијално, повреденото дете е пренесено во болница и е оперирано.

Засега нема официјални детали за неговата здравствена состојба, ниту за мотивите за нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Долни Балван на протест против…

„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…

Бебе од Куманово заврши во болница по…

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…

Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…

На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…

Епидемиолози влегоа во скопското ОУ „Невена Георгиева…

Дваесетина ученици и еден наставник од Основното…

Киднапирани 42 ученици во Нигерија

Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али…