ХОРОР во Хрватска: Татко го полил и го запалил синот со бензин

t

Уапсен е маж во хрватскиот град Глина. Обвинет е за четири кривични дела – обид за тешко убиство, загрозување на живот и имот, семејно насилство и закана за палење на куќата.

Полициските службеници ја завршија кривичната истрага на 58-годишниот маж поради сомнение за сторени кривични дела тежок обид за убиство, загрозување на живот и имот со помош на општо опасно дело или средство, семејно насилство и закани.

Тој е осомничен дека во вторник, 21 октомври, запалил гориво во собата од куќата каде што  биле неговиот 25-годишн син и 51-годишната сопруга, како резултат на што 25-годишникот претрпел тешки телесни повреди.

Понатамошната кривична истрага утврди дека тој го стори кривичното дело семејно насилство врз сопругата на која и претходно ѝ се заканувал.

„Јутарњи лист“ дознава дека таткото запали крпа со запалка и ја фрли врз својот син и истурил бензин, по што избувнал пожарот. Пожарот се проширил по телото на младиот човек и во внатрешноста на куќата.

Нападот го видела мајката која реагирала храбро и трезвено. Таа го спасила својот син, го извлекла од запалената куќа и му ја искинала запалената облека.

Службите за итни случаи, полицијата и пожарникарите набрзо пристигнаа на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Словенија задолжителен божиќен бонус од најмалку…

Вработените во Словенија годинава ќе добијат задолжителен…

Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…

Министерството за спорт и млади на Црна…

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…

Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…