ХОРОР! Двајца мажи во Неготино имале геј-оргија, едниот силувал и 14-годишен малолетник
Пријава против две лица поради тешки кривични дела поврзани со силување на дете и задоволување на полови страсти поднела неготинската полиција против две лица. Во соопштението на ОВР Неготино се наведува дека е поднесена кривична пријава против 57-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „силување на дете кое нема наполнето 15 години“ и против 40-годишник од неготинско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во стан во Неготино тие имале полов однос во присуство на други лица, меѓу кои и 15-годишен малолетник, кој направил видео запис кој подоцна бил достапен на повеќе лица.
Исто така, постојат основи на сомнение дека 57-годишникот во октомври 2025 година вршел други полови дејствија со малолетникот, кој тогаш бил на возраст од 14 години, а за тоа му давал пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на момче во Србија: Го силувалe…
Родителите на основното училиште „Татомир Анѓелиќ“ во…
Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…
Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…
Изречена пресуда за случајот со лажно силување
Двајцата обвинети за кривичното дело Грабнување признале…
Хорор: Прилепчанец ја силувал малолетната поќерка
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(48)…
Маж-монструм од Гостивар: Сопругата ја принудувал на…
На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС…