ХОРОР: До смрт претепано мало дете, мајката-монструм лажела дека паднало по скали
Четиригодишно момче од германското место Барзингхаузен во близина на Хановер било брутално претепано до смрт од партнерот на својата мајка.
Потоа мајката на детето, ги лажела полицајците дека тоа паднало по скали.
Што објавуваат тамошните локални медиуми?
Мајката на момчето (28) и нејзиното момче (33) од вчера се во притвор. Тој човек е осомничен дека го претепал детето до смрт. Извори од истрагата откриваат дека жената не се обидела да го спречи ужасниот чин на насилство.
Мајката се јавила на бројот на итните служби околу 8 часот наутро во петокот, а на полицајците им кажала дека го нашла детето мртво во креветот, по што се обидела да го реанимира, но не успеала.
Нејзината следна верзија на ужасниот настан била дека детето паднало по скали.
Лекар од итната помош забележал дека на телото на детето има повреди кои не се совпаѓаат со верзијата на мајката, по што пријавил во полицијата.
Врз телото била извршена обдукција, која потврдила дека повредите не може да се припишат на пад по скали.
Мајката и нејзиниот партнер се во притвор, а шестгодишната сестра на убиеното момче е згрижена од социјалните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Сигурна сум дека ако Русија ја…
Сигурна сум дека ако Русија ја заврши…
Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова…
Најмногу дожд изминатите 24 часа има наврнато…
Ива Михаилова замина на лекување во Бугарија
Бугарската телевизија НОВА денеска објави дека Ива…
Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
САД можеби купуваат ирански дизел преку Русија:…
Дизелот што Русија, според првичните информации, започнала…