Хорор: Мртвиот маж од Кавадарци бил најпрво избоден па запален, покажа обдукцијата
Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти државното Јавно обвинителство.
Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите. Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица“, информира Обвинителството.
Како што беше соопштено завчера, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото во семејна куќа во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години.
Екипата на Итната медицинска помош констатирала смрт со видливи изгореници на телото поради што надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот. При увидот, од местото биле подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…