Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица
Нови 28 случаи на голема кашлица од кои четворица се хоспитализирани, во периодот од 16 до 22 февруари. Станува збор за три деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен вечерва. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје, а заболени има и во Тетово, Куманово и во Струга.
Возраста на заболените се движи до 47 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца под една година и од 10 до 14 години. Годинава во ИЈЗ се регистрирани вкупно 67 случаи на голема кашлица.
Од вкупниот број регистрирани случаи – 67, 61 случај не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или од последната доза – кај комплетно вакцинираните, поминале просечно повеќе од 11 години од последната примена доза, или нема доказ за вакцинација.
Од заболените, регистрирани се 25 лица со хоспитализација и тоа 20 од нив на возраст до четири години.
„Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација“, се додава во извештајот на ИЈЗ.
Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од службите за вакцинација – Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 12.639 деца пропуштени за вакцинација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 25 случаи на голема кашлица, хоспитализирани…
За една недела, односно од 26 јули…
Данец со камера скриена во пенкало, снимал…
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…
Оставиле деца заклучени во автомобили: На родителите…
Пожарникари вчера спасија две деца од заклучени…
Ужас: Во Германија на секои половина час…
Во Германија на секои половина час дете…
Две петгодишни деца избегале од градинка, за…
Две петгодишни момчиња денеска избегаа од градинка…