Хоџа: Отпадот веќе предолго е отворено прашање
Ефикасен систем за управување со отпад согласно стандардите и регулативата на Европската унија која е пресликана и во националното законодавство е возможно само преку воспоставување на одржлив регионален систем за управување со отпад. Овој систем ќе овозможи решавање на проблемите со отпадот, ќе овозможи негов соодветен третман, селекција, рециклирање и одлагање, со што ќе се отворат можности за развој базирани на кружна економија. Во ЕУ овој систем креира околу 500.000 нови работни места на годишно ниво.
Ова се клучните пораки од панел дискусијата „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“, која се одржа денеска во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.
Пред присутните се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа.
„Посветено работиме на промени на системот за регионално упорствување со отпад, а како и за секоја темелна реформа, е потребна поширока акција од сите вклучени страни. Отпадот во земјата веќе предолго е отворено прашање, кое мора да добие одржливи решенија. Во светот сите развиени земји се стремат да ги намалат количините на отпад преку селектирање и рециклирање. Нашата национална цел е да се намалат количините на отпад и да се ограничи депонирањето на максимум 65% од комуналниот отпад до 2034 година“, нагласи Хоџа.
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад – МАСВА, во која членуваат компании од оваа индустрија и експерти, апелира дека само преку интензивна соработка помеѓу сите чинители, може да се направи конкретен исчекор во процесот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…