Хрватската полиција објави фотографија од осомничениот за убиството на 19 годишниот доставувач на пица
Хрватската полиција објави фотографија на Кристијан Алексиќ, роден 1976 година, за кого интензивно се трага од синоќа. Тој е осомничен за убиство на 19-годишен доставувач на пица вчера околу 23:05 часот во Дрниш.
Во потрагата се вклучени сите расположливи полициски сили и техника.
Полицијата ги предупредува граѓаните да не му се приближуваат доколку го забележат.
„Ги предупредуваме граѓаните, доколку наидат на Кристијан Алексиќ, да не му се приближуваат бидејќи се работи за опасно лице и најверојатно е вооружен со огнено оружје. Во тој случај повлечете се и веднаш јавете се на 192“, соопшти полицијата.
Граѓаните кои имаат корисни информации полицијата ги моли да ги достават на бројот 192, во најблиската полициска станица или на е-пошта [email protected].
Алексиќ младиот доставувач го убил на терасата од својата семејна куќа, каде што во него испукал повеќе истрели од огнено оружје.
Полицијата го блокирала поширокото подрачје на Дрниш во потрага по бегалецот. Се претпоставува дека Алексиќ се сокрил во густо пошумено подрачје, поради што теренот се пребарува и со помош на дронови, јавува Слободна Далмација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…
Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…